Македонија
7. April 2025 - 12:19

Пензионерите против враќањето на старата методологија за пресметка на пензиите

Доколку се врати старата методологија на пресметка на пензиите, пензионерите стравуваат дека повторно ќе се најдат во истата ситуација како пред две години, кога започнаа правдата да ја бараат на улица. Како баратели на линеарно покачување се противат на враќањето на Законот што беше прифатен од претходната Влада. 

- Просто и едноставно ќе кажам дека ако оди и понатаму пресметката на пензиите со проценти, тогаш ние довагаме во истата ситуација да ги наградуваме оние пензионери, кои што имаат високи пензии, а да ги казнуваме и осакатуваме оние кои имаат мали пензии. Бараме, не „урамниловка“, туку да бидеме подеднакво наградени, изјави  Трајче Станојков, претседател на ИО на пензионери – Свети Николе

Сите пензионери без разлика на висината на пензиите за Пензискиот фонд месечно одвојуваат по 170 денари. Ова не треба да биде времено решение, туку востановена пракса во иднина за секој пензионер да има право на достоинствен живот.

- Значи не се бориме на нас како генрација да ни удоволат, да имаме каква таква пензија, а за оние кои ќе дојдат после нас да им се предлагат нови закони, нови усогласувања итн. Ние се бориме значи како категорија на пензионери, додаде Стаменков  

Ако во септември пензионерите од иницијативните одобри не наидат на разбирање и усогласување, стојат цврсто со ставот дека нема да гласаат на претстојните локални избори кои треба да се одржат во месец октомври.