Македонија
6. April 2025 - 16:41
Младите не се чувствуваат безбедни
Големиот пожар во дискотека во Кочани кој резултираше со трагични последици, остави длабоки трауми кај сите нас. Дел од младите по несреќаат не се чуствуваат безбедни и како што велат сега се повнимателни и поинаку гледаат на тоа каде излегуваат и каде ќе ја поминат вечерта со своите другари. Во Охрид има случаи и на деца кои откажуваат одредени активности стравувајќи за својата безбедност.
Потребно е да се работи многу за да се врати довербата за безбедност, бидејќи тоа чувство сега е разнишано.
Младинскиот центар од Охрид започнува со посебна програма за безбедност и заштита на младите од основи на прва помош, справување со пожари, зборување со психолози.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->