Вчерашното убиство во Скопје било извршено пред 5-годишната ќерка на сопружниците
Скопското Обвинителство спроведе истрага против едно лице за убиство на својата партнерка со која живеел во вонбрачна заедница. На жртвата, како што информираат од Обвинителството, вчера во домот во Шуто Оризари и нанел повреди и убодни рани со нож во пределот на вратот и градниот кош, од кои таа починала на лице место. Истрага е поведена и против уште едно лице за помагање на сторителот.
- Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Истрага е поведена и против уште едно лице за кривично дело – Помагање на сторител по извршено кривично дело од член 365 став 3 од Кривичниот законик, информираат од Јавното обвинителство.
Првиот осомничен, како што велат од Обвинителството, вчера при вршење семејно насилство во домот во Шуто Оризари, ја лишил од живот својата партнерка со која живеел во вонбрачна заедница. Делото го извршил во присуство на 5-годишната ќерка. На жртвата и нанел повреди и убодни рани со нож во пределот на вратот и градниот кош, од кои таа починала на лице место.
-Веднаш потоа избегал од домот, во што му помогнал вториот осомничен кој му дал друга облека и му овозможил превоз со автомобил до граничниот премин Табановце. Во непосредна близина на границата го оставил и се вратил во Скопје каде се обидел да ги прикрие трагите на своите помагачки дејствија. Осомничениот за убиство продолжил кон границата каде бил запрен и уапсен, се наведува во соопштението.
Од Обвинителството посочуваат дека во текот на денешниот ден, по наредба на јавен обвинител биле преземени повеќе дејствија со кои било пронајдено оружјето со кое е извршено убиството, облеката на сторителот и други материјални докази кои се обидел да ги прикрие и кои ќе бидат предмет на вештачење.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлози за определување мерка притвор и за осомничениот за убиството и за неговиот помагач.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, Транспаренси Интернешнл Македонија
-
Партнерот на Рамајана ја убил пред 5-годишната ќерка
-
Пред утрешната средба, Мицкоски бара Таравари јасно да каже дали соработува со Ахмети
-
Мицкоски и Филипче го повикаа Ахмети да се повлече од идеите за дестабилизација
-
Мицкоски: Имаше обид за инженеринг за вистината за Делчев
-
Имало ли пријави за насилство?
-
Возачот кој на пешачки ја удри Фросина Кулакова седнува во судница
-
Велосипедско возење во знак на поддршка на семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани