Македонија
5. May 2025 - 11:15

Претреси во Кочани, пронајдена дрога, приведени пет лица

На 03.05.2025, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишиле од слобода М.Ц.(21) од с.Облешево, кочанско, С.М.(26) од с.Чешиново, кочанско, А.Р.(26) од Кочани, Н.М.(20) од Кочани и Д.М.(19) од Кочани.

При претреси во домовите на М.Ц. и С.М. во Облешево и Чешиново, извршени со судски наредби, била пронајдена и одземена марихуана.  

Додека, полициски службеници од ОВР Кочани кај Н.М. и Д.М. пронашле и одзеле марихуана, која претходно ја купиле од А.Р.. Исто така, со судска наредба се извршени претреси во домовите на А.Р. и Н.М..

По целосно документирање на случаите, ОВР Кочани ќе поднесе соодветни пријави.