Таравари: Ние не сме чамец за спасување
Ние не сме ниту такси ниту чамец за спасување, порача Таравари преку социјалните мрежи во пресрет на средбата со Премиерот Мицкоски.
„Дури и оние што даваат пророштва во наше име, како Баба Ванѓа, треба да се занимаваат со пообјективни работи отколку со „предвидување на иднината“. Ние не сме ниту такси што нè користат за превоз, а потоа ни ги одземаат клучевите, ниту чамец за спасување за имиња и презимиња. Ние сме Алијансата за Албанците, работиме само во интерес на народот“, се вели во реакцијата на Таравари
Министерот за здравство вчера за Сител негираше дека има било каков договор за соработка со Ахмети. Рече дека доколку има договор за тоа би ја информирал јавноста.
До сега албанскиот партнер во владината коалицијата Вреди броеше 14 пратеника. Од нив Таравари располага со 5. По формирањето на партијата Вреди, Касами веќе најави дека останатите 9 пратеници ќе формираат нова група со нов координатор во парламентот. И од ВМРО-ДПМНЕ и од Вреди велат мнозинствотото кое без Таравари брои 73 пратеници останува стабилно. Таравари и утрово во изјава за медиумите не изнесе многу детали.