Македонија
4. May 2025 - 16:43

Мицкоски и Филипче го повикаа Ахмети да се повлече од идеите за дестабилизација

Наместо да се заканува, Ахмети да се врати во сегашноста и почне да си ја реформира партијата. Премиерот не е загрижен од заканите на ДУИ за дестабилизација и политичка криза во пресрет на локалните избори. 

Имаат право да протестираат но не и да дестаблизираат, порача и опозицискиот лидер

Ахмети оваа недела брифираше дел од медиумите дека ако Бектеши биде обвинет за пожарот во Кочани, ДУИ ќе излезеле на улица и како што рече, „враќање нема“.

Го повторил ставот дека ќе ги бојкотираат локалните избори ако се допрел Законот за јазиците по што државата ќе влегла во политичка криза од која единствен излез ќе бидат предвремени избори.