Вчера се аплицирани 4.148 вакцини
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 398.243 граѓани.
На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 220.733 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 4.123 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 4.148 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 259.577 дози вакцини, а ревакцинирани се 38.806 граѓани. Со последните бројки 45,7 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 39 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица и Охрид.
Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.
Ново на Сител
-

Одложено утрешното судење за „Пулс“, обвинетите не го добиле обвинението
-

Заврши истрагата за полициските службеници осомничени за пожарот во кочанската дискотека
-

Екс министерот Димковски осомничен за криминал со стоковните резерви
-

Судски совет презентираше програма за борба против корупцијата во судството
-

Мицкоски до утре ги чека предлозите од ВРЕДИ за празните места во Владата
-

Над 6 илјади граѓани аплицирале за грант за отворање сопствен бизнис
-

Новата цена на струјата ќе се знае наскоро, Владата ќе ја утврдува на затворена седница
-

Пропадна тендерот за избор на изведувач за Универзална сала
