-->
-->
Вајгл: Состанокот во Тирана е непримерен, да се почитуваат демократските правила
-->
Чинот кога премиер на соседна држава повикува претставници на политички партии да се договараат за владина програма вреди да се осуди, вели известувачот за Македонија во Европскиот парламент Иво Вајгл, јавува дописникот на МИА од Стразбур. Тој додава, дека, сепак, демократските правила налагаат влада да формира тој што има мнозинство во Парламентот.
- Мислам дека почетокот на таа приказна е состанокот во Тирана, кој е непримерен. Тоа го реков кога премиер на соседна држава повика претставници на политички партии да се договараат за владина програма. Тој како чин вреди да се осуди, но тоа не е доволно голема причина за да не се создаде владата и да се продлабочуваат меѓуетничките конфликти. Тоа не е добро и штетно е за интересите на Македонија како држава, рече Вајгл.
За најновиот развој на ситуацијата во Македонија, Вајгл изрази загриженост. - Нашиот единствен мотив е цело време да бидеме објективни и корисни за македонската држава и македонскот народ. Таа објективност ја задржав од првиот ден, не сум навивач ниту за едната ниту за другата опција. Но, се знае како се игра по правилата на демократијата, тој кој е способен да има мнозинство во парламентот има право да формира влада. Тука нема друга варијанта, рече европратеникот Вајгл.
Најави дека за време на сесијата во Стразбур треба да одржи заеднички работен состанок со другите европратеници задолжени за Македонија, Ричард Ховит и Едуард Кукан и со комесарот Јоханес Хан, на кој ќе стане збор за тоа што можат да направат за да ѝ помогнат на Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Фетаи: Нема да дозволиме ДУИ да се врати како ништо да не се случило
-
Мицкоски најавува промени во Владата
-
Тема на денот со Весна Мојсова-Чепишевска
-
Уште еден пратеник го напушти Таравари, Мицкоски најавува промени во Владата
-
Дали Македонија навистина ќе има бенефит од стратешкото партнерство со Велика Британија?
-
Кога ќе се изгради новата Клиничка болница во Штип и болницата во Кичево кои се градат веќе со децении?
-
Што може да се очекува ако Трамп ги воведе царините?
-
Се зголемува интересот за тутунот, дали годинава ќе има повисока цена од лани и повеќе килограми?