Унгарија го затвори и воздушниот простор над границата со Србија
Унгарија денеска го затвори воздушниот простор во длабочина од 20 километри од својата граница кон Србија, до височина од 1.350 метри, соопшти унгарското Министерство за транспорт.
Ваквата мерка е воведена со цел да се овоможи безбедно користење на овој дел од унгарскиот воздушен простор од страна на полицијата, војската и службите за брза помош при справувањето со бегалската криза, се наведува во соопштението.
Според Министерството, затворањето на воздушниот простор, што ќе биде во сила до следната наредба, нема да влијае врз меѓународниот воздушен сообраќај.
Унгарија денеска ја затвори и границата кон Србија со цел да спречи влез на имигранти на нејзина територија, по што доцна попладнево започна да пропушта бегалци во помали групи преку официјалниот премин на унгарско-српската граница Хоргош 2.
Ново на Сител
-
10 годишно дете гризнато од глушец во скопски Капиштец
-
Скопските градоначалници ќе бараат помош од колегите во другите градови за да го соберат ѓубрето
-
Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ
-
Притвор се бара за шест лица, а за деветнаесет мерки на претпазливост за злоупотреби во прилепската болница
-
Сведоци на обвинителството се откажуваат од прогон на онкологот Васев
-
Преполните контејнери и расфрланиот смет се потенцијална “бомба” за заразни заболувања
-
Кој колку би освоил на парламентарни избори?
-
Касами ветува поддршка за ДУИ во Кичево, очекува гласови од интегративците во останатите општини