УЈП: Даночните обврзници да платат ДДВ во законскиот рок, по доставените опомени ќе пристапи кон присилна наплата на долгот
Управата за јавни приходи по сумирани податоци од обработката на ДДВ пријавите информира дека ДДВ долг за јуни пријавиле 4,030 месечни даночни обврзници во вкупен износ од 3,168,673,344 ден. За кварталот април-јуни пријавиле 16.534 тримесечни даночни обврзници во вкупен износ од 1,982,960,788 ден.
Од УЈП ги повикуваме останатите 1,277 месечни обврзници, кои имаат долг од 817,061,527 денари, и 7,661 тримесечни обврзници, кои не го платиле својот ДДВ долг во износ од 967,855,467 денари, тоа да го сторат веднаш.
- Управата за јавни приходи по доставените опомени ќе пристапи кон присилна наплата на долгот согласно законските надлежности. За секој ден задоцнето плаќање се пресметува камата од 0,03% од преостанатиот долг, се наведува во денешното соопштение од УЈП.
Ново на Сител
-

Неизвесна судбината на Лукоил во Европа
-

Директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството осомничен за примање поткуп од 50 илјади евра
-

Тема на денот со Јане Војаџиевски, новинар од Вашингтон
-

Тема на денот со Мирјана Пантиќ, универзитетска професорка од Њујорк
-

Директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството осомничен за примање поткуп од 50 илјади евра
-

Ремонт на градски воз
-

Даме Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ избран за нов претседател на советот на Град Скопје
-

Скопје се чисти, а од понеделник нови 55 приватни автобуси ќе возат низ градот
