-->
-->
Уапсен вработен во УЈП поради примање поткуп
-->
Денеска околу 12 часот и 30 минути на улица „Кеј Вардар“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода М.А.(38) од Тетово поради примање поткуп од лице од Гостивар. М.А. како вработен во УЈП Тетово побарал од гостиварецот 300 евра за да не му биде затворен неговиот објект, откако пред една недела при контрола во објектот биле констатирани одредени законски недостатоци. Побараните средства претходно биле крим-технички обработени и му биле дадени на М.А, кој се обидел да се ослободи од нив, но бил фатен и спречен во намерата. М.А. е задржан во Полициската станица Гостивар и во консултација и координација со Јавен обвинител од ОЈО Гостивар ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ѓорѓиевски сигурен во победата веќе одржа координација со мнозинството од Советот на г. Скопје
-
Мицкоски во Лондон се сретна со кралот Чарлс, потпишан договор за инвестиција со Бурсток
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството и инспекциите ја чешлаат Комунална
-
М-НАВ: Граѓанскиот суд постапи исправно
-
Рекордна заинтерсираност за имунизација против сезонскиот грип
-
Се поголем е интересот за угостителско-туристичките струки
-
Преглед на вестите од светот