Тодоров: Од историската комисија не може да зависат преговорите за членство во ЕУ
Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија може да даде свое експертско мислење за одредени теми поврзани со историското образование во двете држави, и одредени препораки, но не и да решава политички проблеми, вели членот на македонскиот дел на Комисијата Петар Тодоров, додавајќи дека одредени политички изјави оставаат погрешен впечаток дека од Комисијата зависат преговорите за членство во ЕУ.
Ние, нагласува Тодоров, не сме политичко тело, и не ги гледаме работите низ политичка призма и како политички процес. Затоа, вели, не може да се очекува од Комисијата, членовите на Комисијата од двете страни да решаваат политички прашања.
-Тоа е одговорност на политичарите. Се доби впечаток во јавноста дека преговорите за ЕУ ќе зависат од нас. Еднаш веќе имамвме ваква ситуација во минатото, конкретно тоа беше октомври 2021 година, еве повторно сега сведоци сме на тоа. Комисијата може да даде свое експертско мислење за одредени теми поврзани со историското образование во двете држави. Комисијата не може да ги реши политичките проблеми, тие проблеми ќе си ги решаваат политичарите, затоа тие излегуваат на избори и бараат да добијат функции, а со тоа и одговорност за да ги решаваат тие проблеми. Ние може само да помогнеме. И тука завршува нашата улога, рече Тодоров во разговор за Тема на денот на ТВ Сител.
Тодоров на прашање дали политиката врши притисок на историчарите и дали е побарано од комисијата да има некаков резултат до јуни со оглед на тоа дека земјата очекува почеток на преговори во јуни, одговори дека не дошол ниту еден политичар.
-Морам да кажам дека директно не дошол ниту еден политичар да каже до јуни мора да се реши ова. Мене ми пречат вакви индиректни притисоци кога се создава атмосфера дека од комисијата ќе зависи почеток на преговорите за ЕУ. Ако зависи почетокот на преговорите од историските прашања јас мислам дека сме на многу лош пат.
Тодоров потврди дека подолг период немал контакт со ниту еден политичар.
Ново на Сител
-
Верниците од денеска ќе можат да го посетат гробот на папата Франциск
-
Претседателката Сиљановска-Давкова присуствуваше на погребната миса за папата Франциск
-
Три лица загинаа во пад на мал авион во американската држава Тенеси
-
Трамп: Путин само ме тапка по рамото
-
Неколку лица загинаа, а повеќе се повредени кога возило влета во публиката на фестивал во Канада
-
Облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд
-
Прва жена фоторепортер | Maja Јаневска | ПРОфесија | Sitel Podcast 092
-
Промоција на македонски вина и вински туризам утре во Тирана