Тешка сообраќајна незгода помеѓу трактор и Форд во кумановско
На 30.04.2016 година во 12 часот на регионалниот пат Куманово – Св.Николе кај м.в „Кантонче“, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „ИМТ 533“ со лесна приколка со светиниколски регистарски ознаки сопственост и управувано од Р.Д.(60) и патничко моторно возило „Форд транзит“ со струмички регистарски ознаки сопственост и управувано од Д.В.(21) од Струмица. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на тракторот и сопатникот на тракторот Р.Н.(20) од Св.Николе и истите ќе бидат задржани во Клиничка болница-Штип за понатамошно лекување. Возачот на патничкото моторно возило „Форд“ и сопатниците се здобиле со телесна повреда, на истите им била укажана лекарска помош и се пуштени на домашно лекување. Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица од ОН-Св.Николе.
Ново на Сител
-
Меџити до Таравари: И со ДУИ и во Влада не штима
-
Мицкоски: Ако сакаме во ЕУ мора да го урнеме корумпираниот систем
-
Освен на културните работници, платата им доцни и на стотици други вработени во државни институции
-
Извештај на ММФ
-
Преглед на вестите од светот
-
Акција на МВР: Околу 50 осомничени за злоупотреби во ПИОМ
-
Неопходни се реформи во правосудството
-
Меџити: И со ДУИ и во Влада не оди