Тешка сообраќајка на патот Кочани Делчево
Тешка сообраќајна несреќа, во која е повредено едно машко лице се случи попладнево на магистралниот пат Кочани-Делчево во близина на браната Калиманци.
Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова за МИА вели дека сеуште не е утврден идентитето на лицето.
Несреќата се случила во 15:50 часот меѓу тешко товарно возило „мерцедес“ со бугарски регистарски таблички и автомобил марка „опел“ без регистарски таблички.
Во несреќата тешко е повредн возачот од автомобилот кој веднаш е пренесен во кочанската Опшата болница, но како што информира Панајтова, пради серозноста на повредите, лицето е транспортирано на клиниките во комплесот „Мајка Тереза“ во Скопје каде што лекарите се борат за неговиот живот.
Увидот на местото прават полициските службеници и јавен обвинител, а сообраќајот во моментов на магистраланиот пат Кочани-Делчево кој води кон граничниот премин со Бугарија е затворен за сообраќај во двете страни.
По завршувањето на увидот се очекува сообраќајот да се нормализира.
Возилата коишто патуваат кон Македонска Каменица и Делчево се пренасочуваат кон патните правци од Виница Бигла и Виница-Берово-Пехчево -Делчево граничен премин.
Ново на Сител
-
Тргна коњаницата кон Крушево
-
Тема на денот со Марјан Калевски, Зелен Хуман Град
-
Претседателката на Антикорупциска поднесе оставка
-
Пратениците во вторник ќе расправаат за интерпелацијата на државниот обвинител Коцевски
-
Втор ден потрага по 16-годишно девојче кое вчера ја повлекоа водите на Вардар кај Уланци, Градско
-
Активни 6 пожари
-
Топлотниот бран ги „вжешти“ телефоните во Скопската брза помош
-
Расте бројот на нови партии пред изборите, без измени на Изборниот законик нема независни кандидати