Температурите уште повеќе ќе паднат - УХМР со вонредна најава

Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите на планините и на некои повисоки места ќе поминуваат во снег. Ќе дува и умерен, во западните и северните делови повремено силен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Како резултат на поминувањето на ладниот фронтален систем преку нашето подрачје, утре дневната температурата на воздухот ќе опадне за 8 до 10 степени во споредба со денешната. Во јужните и југоисточните делови од земјава, предпладне се уште ќе има повремени и слаби врнежи од дожд и снег, и снег на повисоките места и на планините. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и североисточен правец.
Потоа, како што најавуваат од УХМР, се очекува постепено стабилизирање и затоплување на времето.
Дождливо време се очекува во почетокот на месец октомври.
Ќе врне скоро секој ден во првата седмица од месецот, а во втората, температурите ќе паднат под 15 степени. Во некоиделови на Македонија утринските темепратури ќе бидат и во минус.
На 1 октомври температурата ќе се искачи до 21 степен, на 2 и 3 до 20, на 4 ќе биде до 19, а на 5 октомври до 18 степени.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Милан Стефаноски, политички аналитичар
-

Водостоите на реките намалени, состојбата се стабилизира
-

Повторените избори во Врапчиште и Гостивар ќе го претумбаат албанскиот блок
-

Седница на Влада по повод Ден на албанската азбука - јазикот обединува, не разделува
-

Стојков: Признанието од МАНУ е за Македонците во Бугарија
-

Трамп: Крајот на руско-украинската војна е близу
-

Македонија ќе има индиректен бенефит од крајот на војната во Украина
-

Бебиња со респираторни инфекции ја полнат Детската клиника
