Стивен Краб се повлече од трката за наследник на Дејвид Камерон
Британскиот министер за труд и пензии Стивен Краб се повлече од изборната трка за наследник на премиерот Дејвид Камерон.
На првото гласање на пратениците од владејачката Конзервативна партија одржано вчера, Краб беше четврти, односно претпоследен, со 34 гласови.
По соопштувњето на конечните резултати, Краб објави дека решил да се повлече поради „малата поддршка“ од колегите-пратеници.
Во првиот круг убедливо прва беше министерката за внатрешни работи Тереза Меј за која гласаа 165 пратеници.
Втора беше заменик министерката за енергија Андреа Лидсом, а трет министерот за правда Мајкл Гоув.
Последен, пети, беше поранешниот министер за одбрана Лијам Фокс, кој поради тоа е елиминиран од натамошното учество во изборниот процес.
Утре се одржува вториот круг во кој, по повлекувањето на Краб, ќе учествваат само тројца од петмината номинирани кандидати.
Тоа значи дека утрешното гласање ќе биде последно меѓу ториевските пратеници, затоа што трето пласираниот како последен ќе отпадне, а преостанатите двајца ќе учествуваат во завршната фаза на изборот, кога за нов партикси лидер и британски премиер ќе одлучуваат гласовите на членовите на Конзервативната партија.
Тереза Меј одново е главен фаворит, а борбата утре ќе се води меѓу Лидсом и Гоув, кои беа дел од кампањата за Брегзит.
Конзервативците кои агитираа за напуштање на ЕУ сега сакаат еден од противкандидатите на Меј да биде „нивни човек“. Од редовите на антиевроејците се погласни се барањата идниот британски прамиер да биде ториевец кој се залагал за Брегзит.
Тереза Меј не беше меѓу истакнатите агитатори за останување на Велика Британија во Унијата, иако му остана лојална на Камерон и беше со групата против Брегзит.
Ново на Сител
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште