Српското Собрание го ратификуваше договорот со Северна Македонија за заедничка контрола на ГП Прешево-Табановце

Српскиот Парламент доцна синоќа го усвои Законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Србија и Владата на Северна Македонија за воспоставување заедничка контрола на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Прешево-Табановце.
Министерката за градежништво, транспорт и инфраструктура, Зорана Михајловиќ, во дискусијата кажа дека за конкурентноста и поврзаноста е важно да се воспостават заеднички гранични премини со соседите, со цел да се олесни протокот на стоки и луѓе.
-Без разлика колку вложуваме во инфраструктурата, градиме автопати и ја модернизираме железницата, постојат проблем со нефизички бариери, кои не се само прашање на гужви во летниот период, туку се особено присутни во транспортот на стоки, каде што понекогаш се чека и до 10 до 15 часа.
Таа истакна дека ова е главна причина поради која се започнати разговори со соседните земји за да се направат заеднички контроли на граничните премини, со што ќе се олесни преминувањето на границите и меѓународниот патен сообраќај.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Милан Стефаноски, политички аналитичар
-

Водостоите на реките намалени, состојбата се стабилизира
-

Повторените избори во Врапчиште и Гостивар ќе го претумбаат албанскиот блок
-

Седница на Влада по повод Ден на албанската азбука - јазикот обединува, не разделува
-

Стојков: Признанието од МАНУ е за Македонците во Бугарија
-

Трамп: Крајот на руско-украинската војна е близу
-

Македонија ќе има индиректен бенефит од крајот на војната во Украина
-

Бебиња со респираторни инфекции ја полнат Детската клиника
