Средба Заев-Радев: Подвлечена е принципиелната и континуирана поддршка за иднината на Македонија во ЕУ
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска, во завршницата на Самитот на НАТО во Брисел оствари средба со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев.
На средбата, на која присуствуваа и заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, како и министерот за одбрана на Република Бугарија, Ѓеорги Панајотов во фокусот на разговорот беше перспективата за постигнување на реален исчекор во процесот на европската интеграција на Република Македонија.
Претседателот на Република Бугарија Румен Радев ја подвлече принципиелната и континуирана поддршка за иднината на Република Македонија во ЕУ, како и очекувањето на Бугарија за непосреден и активен политички дијалог низ кои ќе бидат разрешени отворените прашања во меѓусебните односи.
И Румен Радев и Зоран Заев го истакнаа позитивниот знак во односите меѓу двете земји, што шефовите на државите на Република Бугарија и на Република Македонија го постигнаа со нивната заедничка посета во мај на Рим и Ватикан, за да им оддадат почит на светите браќа Кирил и Методиј.
На средбата е истакната и заедничката волја за постигнување одржливи резултати во градењето добрососедски односи меѓу Република Бугарија и Република Македонија, за исполнување на очекувањата на граѓаните во двете земји.
Билатералното партнерство во областа на безбедноста и одбраната, и можноста за проширување на соработката во областа на воената обука и размената на кадети меѓу двете земји, беше исто така дел од темите за кои во Брисел разговараа претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев и претседателот на Република Бугарија Румен Радев.
На средбата беше договорена посета на премиерот Заев на Софија, која е предвидена да се случи оваа недела.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот