Средба на Груевски со шефот на Делегација на ЕУ Жбогар
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска оствари средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија Самуел Жбогар.
Европските интеграции на државата, чекорите и мерките кои се преземаат, а се во насока на напредок на процесите, како и актуелните политички случувања во државата се темите на кои разговарале Груевски и Жбогар, соопшти ВМРО - ДПМНЕ.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски ја афирмирал стратешката цел за влез во Европската унија, како значаен приоритет на државата, и важноста на соработката во насока на исполнување на зацртаните критериуми.
Тој посочил дека интерес на ВМРО-ДПМНЕ се фер, кредибилни и демократски избори како единствено решение за наметната политичка криза. Груевски истакнал дека во тој процес важна е соработката и конструктивниот пристап на сите субјекти вклучени во изборите, овозможувајќи им на граѓаните исполнување на нивното демократско право на избор.
На средбата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски му посакал успех во исполнување на новата должност на шефот на Делегацијата Жбогар, изразувајќи надеж дека неговиот личен успех во исполнувањето на новите обврски ќе значи и преставува заеднички успех за Република Македонија на планот на интеграциските процеси.
- Соговорниците изразија подготвеност за продолжување на конструктивната и позитивна соработка и дијалог во насока на исполнување на стратешките цели за членство во ЕУ, стои во соопштението од ВМРО - ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Имаше обид за инженеринг за вистината за Делчев
-
Имало ли пријави за насилство?
-
Возачот кој на пешачки ја удри Фросина Кулакова седнува во судница
-
Велосипедско возење во знак на поддршка на семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани
-
Царината наплати над 190 милиони евра во април – речиси 13 милиони повеќе од лани
-
АХВ казни 14 месарници – Уништени над 300 килограми небезбедна храна
-
Мапирање на диви депонии со помош на вештачка интелигенција - пилот проект во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот