Македонија
5. May 2025 - 16:43

Сиљановска-Давкова: Изјавата на Ахмети е притисок врз судската власт

Ахемти да не врши притисок врз судската власт бидејќи единствено е таа надлежна да одлучува кој ќе биде кривично гонет. Ваква порака испрати претседателката на државата до лидерот на ДУИ откако Ахемти се закани со протести ако екс министерот Крешник Бектшеи биде обвинет за пожарот во Кочани. Според Сиљановска-Давкова, ДУИ и Ахемти биле две децении власт и требало да научат да ја почитуваат работата на институциие. 

„Сите, а и господинот Ахемти и ДУИ многупати се повикувале на независноста на судската власт. Меѓутоа, ваквиот говор всушност значи притисок врз судската власт. Не сакам да давам оценка на квалификацијата, веројатно е момент на слабост или момент на искреност, но, верувам дека триесет години потоа, а особено и тој 20 години потоа во власта, ние треба да го почитуваме начелото на подлеба на власта и партиите треба да се држат настрана“. 

Според Давкова, засега немало потреба од свикување на советот за безбедност по трагедијата во Коачни, бидејќи, како што вели, полицијата и обвинителството работеле на решавање на безбедносните проблеми. Ги повика политичарите да се воздржат од создавање политчка криза и дестабилизација.

„Мислам дека треба ние во овој момент да создаваме една атмосфера на мир, ова особено го мислам за Јавното обвинителство. Често пати го слушаме прашањето, до вчера баравте смена на првиот човек на ЈО, ама сега не. Мислам дека е тоа политички одговорно. Замислете ако вие после трагедија што цел живот ќе ја носиме, трагедија за која ни треба толеранција и единство за да се справиме, сега, продолжите со барањето за оставка на јавниот обинител. Тогаш само ќе се комплицираат работите“.

За пожарот во дискотеката Пулс под истрага се неколкумина поранешни министри за економија, градоначалници на Кочани, директори на Дирекцијата за заштита и спасување и Пазарниот инспекторат.