Мапирање на диви депонии со помош на вештачка интелигенција - пилот проект во Прилеп
Центарот за иновација и развој ИНОС од Прилеп заедно со софтверската компанија Вертекс од овој град изработија софтвер за мапирање на диви депонии и менаџмент на отпадот со помош на вештачка интелегеција. Имено мобилна апликација за оваа намена се инсталира на телефонот и потоа кога ќе заабележите некаде дива депонија ја фотографирате и тие податоци се собираатво систем. Апликацијата први како пробно ја добија група еко активисти, љубители на природата, планинари и велосипедисти.
„Да ги фотографираат дивите депонии и сите оние места каде непрописно е одложуван цврстиот отпад во околината на градот. И на тој начин да добиеме едни првични податоци, во една база, која понатаму би била цел на понатамошни анализи и обработки, со цел да дојдеме до еден првичен модел на употреба на вештачка интелигенција за справување со дивите депонии“, изјави Димитар Николоски, Центар за иновација и развој ИНОС.
По аплаудурањето АИ може да утврди дали отпадот е хартија, пластика, органски или друг отпад и како треба да се постапи.
„Сакаме да дефинираме некој процес како би било во иднина: кои се тие кои ќе го лоцираат отпадот, ккои се тие кои што ќе преземаат активности, кој ќе бидат резултатите од сето тоа. Една од можностите беше овие податоци да ги користат фирмите кои го чистат отпадот или фирмите кои рециклираат одреден вид на отпад тие да го подигнуваат овој отпад од дивите депонии или пак некои еко активисти кои сакаат да го исчистат“, додаде Ѓорѓи Манчески, Претседател на Центарот за иновација и развој ИНОС.
Инспекторите од Општина Прилеп се пожалија дека нивниот број е мал, дека отпадот се фрла во време кога тие не се работа и тоа дека немаат законско право да ги легитимираат несовесните граѓани.
„Кога утврдиме дека некој одлага отпад на локација која што не е наменета за таа намена не сака да се идентификува. Во моментот не можеме да знаеме дека ќе се соочиме со таков проблем за да повикаме претходно полиција со нас како асистенција“, изјави Цветанка Николоска, овластен инспектор за животна средина во Општина Прилеп.
Исто така во иднина треба да се утврди кој се би ги користел овие податоци и како. Односно идејата да добие имплеметација во пракса, а не само да остане на хартија.
-
Дарко Штарговски
Сите содржини од овој новинар