СОНК очекува покана за средба и се надева на прифатлив предлог за зголемување на платите
Претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура Јаким Неделков попладнево информираше дека досега не се регистрирани посериозни проблеми или притисоци врз штрајкувачите.
Во текот на денешниот ден очекуваат покана за средба од надлежните институции, а за времето на одржување на средбата и резултатите од неа, како што напиша Неделков на Фејсбук, јавноста ќе биде дополнително информирана.
– СОНК се надева дека ресорните министерства или Владата ќе излезат со конкретен и прифатлив предлог за зголемување на платите во гореспоменатите дејности односно со предлог кој ќе биде прифатлив од мнозинството на членови на СОНК. Со тоа би се донело, во најкраток можен рок, одлука за прекин на штрајкот и продолжување на нормалниот тек на воспитно – образовниот процес, напиша Неделков на „Фејсбук“.
Вработените во градинките, основните и средните училишта од вчера се во генерален штрајк барајќи зголемување на платите за 18,4 проценти и решение за усогласување на платите со минималната плата.
Ново на Сител
-
Градоначалникот на Кочани поднесе кривични пријави за неколку локали кои се уште работат незаконски
-
Одбраната бара ослободителни пресуди за Кешишев, Манев и Видевски за убиствата на Вања и Панче
-
Бјере: Моментумот за проширување е тука, искористете го
-
Се уште без договори Таравари со Ахмети, Тачи со Меџити
-
Бошњаците бараат кривично да се казнува негацијата на геноцидот во Сребреница
-
Реакција по роденденот на ВМРО-ДПМНЕ
-
Нов дефект во РЕК Битола - ЕСМ се сомнева во саботажа
-
Три лица на скопските клиники, по вчерашната улична пресметка со нож во Чаир