Сончево со слаб до умерен ветер
Времето во Македонија денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а дневната од 22 до 32 степени. УВ-вредноста ќе изнесува 8.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 32 степени.
Во наредните три дена времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Особено топло се очекува во петок и сабота, кога на места температурата ќе биде над просекот за овој период од годината.
Промена на времето се очекува во недела, кога под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, ќе биде променливо облачно и нестабило со локални врнежи од дожд и појава на грмежи. Дневната температура ќе опадне, особено во почетокот на следната недела.
Ново на Сител
-
Продолжен притворот за Васев
-
Пробацијата како замена за затворските казни
-
Божиновска: Нема да останеме без гас, откако ЕУ забрани увоз на руски енергенси
-
Сезоната на грип почна – досега вакцинирани над 8 000 граѓани од ризичните групи
-
Преглед на вестите од светот
-
Судиите ретко одлучуваат за условен отпуст
-
Наместо да заврши, жетвата на ориз не е ниту на почеток
-
Неистражени средновековни тврдини