Соло-рецитал на Кристијан Антовски во Софија
Во Музичкиот центар „Борис Христов“ во Софија, синоќа солистички рецитал одржа македонскиот оперски уметник Кристијан Антовски.
Во пијано придружба на Андреј Наунов, Антовски се претстави со дела Хендл, Глинка, Чајковски, Моцарт, Верди... а посебен интерес кај публиката предизвикаа македонските „Вардаре“ од Трајко Прокопиев и неколкуте аранжмански обработки од Андреј Наунов на традиционалните македонски песни „Си заљубив едно моме“ и „Болен ми лежи, Миле Поп Јорданов".
Пред бројната публика во Софија, македонските уметници ги претставија Васко Шутаров во име на КИЦ на Република Македонија во Софија и Елена Драгостинова од име на Музичкиот центар „Борис Христов".
Концертот се одржа во рамките на 13. Фестивал на уметностите на кој нашата земја, претставена од нашиот Центар во Софија, учествува по четврти пат.
Ново на Сител
-
Мечките повторно се спуштија во селата во Реканскиот регион
-
Светски ден на учителите - МОН почна кампања „Магијата е во знаењето“
-
Жените во Македонија сеуште се соочуваат со низа предизвици
-
Расте побарувачката, но и цената на становите во Штип
-
Пчеларите бараат поедноставени процедури за пристап до финансиска поддршка
-
Преглед на вестите од светот
-
Митинг на ВМРО ДПМНЕ во Ѓорче Петров
-
Митинг на СДСМ во Велес