Скопските училишта „Лазо Трповски“ и „Владо Тасевски“ наградени на меѓународен натпревар во Токио
Во рамки на одбележувањето на „70-годишнината од основањето на УНЕСКО“, две училишта од Македонија, ООУ „Лазо Трповски“ и Владо Тасевски од Скопје, се наградени на Меѓународниот литературен натпревар за млади во Токио, Јапонија, што го организираа УНЕСКО и јапонската фондацијата ГОИ од Токио. Меѓу наградените на овој натпревар во својата возрасна категорија е и ученичката Елена Стојкоска од Скопје.
Покровител на натпреварот е министерот за образование, култура, спорт, наука и технологија на Јапонија. Со прозни лични творби напишани во форма на есеи на тема „Градиме мир во нашите срца и души“ учествуваа 12.960 учесници од 148 земји. Личната творба напишана во форма на есеј не смееше да содржи повеќе од 700 зборови и беше напишана на еден од странските јазици што се изучуваат во училиштата (германски или англиски јазик). Тимовите на основните училишта Лазо Трповски и Владо Тасевски на натпреварот во Токио беа предводени од наставниците Стефан Симовски, предметен наставник по германски јазик и Виолета Панев, предметен наставник по англиски јазик.
Првата и втората награда се парични, а организаторот доделува вкупно 33 награди за најуспешните млади автори и специјална награда за најуспешно училиште на натпреварот. Наградите на наградените ќе им ги врачи министерот за образование, култура, спорт, наука и технологија на Јапонија, на свеченост во Токио на 1 декември годинава.
Ново на Сител
-
Почнаа предизборните активности на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ - Кои ќе бидат клучните пораки од кампањите?
-
Почнаа предизборните активности на ВМРО-ДПМНЕ
-
Кои ќе бидат клучните пораки од кампањата на СДСМ?
-
Мицкоски: Очекувам мирна кампања, но опозицијата ќе гради кампања врз лаги
-
СДСМ ќе води позитивна кампања и остро ќе ја критикува работата на опонентите
-
Албанските партии ветуваат фер и демократска кампања – сообраќајниот хаос во Чаир, дивоградбите и хигиената во фокус на програмите
-
И помалите партии со теренски активности за локалните избори
-
Обвинението за пожарот во „Пулс“ ќе биде оценето до петок