Извици УЧК, УЧК и видеа од 2001 на конвенцијата на ДУИ - Ахмети до Мицкоски: Со кучиња одиш на лов на зајци, но не и на орли
Конвенцијата на коалицијата „Национална алијанса за интеграција“, предводена од ДУИ, се одржа вчера во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Настанот започна со извици „УЧК, УЧК“ и видео-проекции со сцени од војната во 2001 година.
Во својот обраќање лидерот на ДУИ, Али Ахмети, упати жестоки критики кон претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, обвинувајќи го дека со своите политики и изјави ги потценува правата на Албанците и внесува опасни поделби.
„Христијане, млад си, размисли добро. Не се соочуваш со скапоцени камења или краставици, туку со добро специјализирани кадри, тимови во сите области. Мицкоски со кучиња оди на лов на зајци, но не и на орли. Орелот не се бори со кучиња, слуги и негодници кои ги дресирате за да нè оцрните. Орли, летајте високо во синилото, кучиња, чувајте се од зајци“, порача Ахмети.
Ново на Сител
-
Генералниот секретар на ОН го поздрави мировниот план на Трамп
-
УЈП: Суспендирани инспекторите опфатени во случајот со пожарот во дискотеката во Кочани
-
Истрага против тројца турски државјани, му се заканиле дека ако не им даде 40.000 евра ќе го убијат
-
РКЕ: Прекин на испораката на гас
-
Шикорски не ја исклучува можноста Путин да го нападнe НАТО
-
Косовец крадел струја за својот продажен објект во Карпош
-
Обвинетиот за убиството на Чарли Кирк ќе бара прелиминарно сослушување
-
Мотоциклист удрил во 76-годишна жена и тешко ја повредил