Македонија
30. September 2025 - 14:02

Полицаец ги казнил за сообраќаен прекршок, па му упатиле закани по живот преку социјална мрежа

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Р.(25) од село Синичане, општина Боговиње, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело загрозување на сигурноста“.

На 03.06.2025 пријавениот преку социјална мрежа упатил закани по живот на полициски службеник, кој претходно на пријавениот и на неговиот татко им имал издадено платени налози за глоби во врска со сторен сообраќаен прекршок.