Македонија
30. September 2025 - 16:34

РКЕ: Прекин на испораката на гас

Регулаторната комисија за енергетика информира дека од 13 до 17 октомври се очекува прекин во испораката на природен гас кон потрошувачите во земјава.

Причината за ова се ремонтни активности на регионалните транспортни системи за пренос на природен гас и гасоводот Турски тек.

РКЕ потсетува дека сигурноста во снабдувањето е примарен интерес и дека законската регулатива овозможува во услови на прекин на испоракаоператорот со природен гас НОМАГАС да може да изврши навремено полнење на цевката и количината да ја распредели соодветно во критичните денови за корисниците кои се греат на топлинска енергија“, велат од регулаторна.

Оттаму потсетуваат дека грејната сезона може да почне порано, односно од 1-ви октомври ако прогнозираната температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 степени целзиусови.

Со оглед на најавите за студен и влажен бранрадијаторите на скопјани би требало да се стоплат веќе во петок