Македонија
29. September 2025 - 16:46

Албанските партии ветуваат фер и демократска кампања – сообраќајниот хаос во Чаир, дивоградбите и хигиената во фокус на програмите

Со ветувања за чесна и демократска кампања и програми кои нудат развој на општините партиите од албанскиот политички блок тргнаа во обезбедување на довербата на електоратот. Ослободување од стариот корумпиран систем и менување на ликот на Чаир е фокусот во изборната кампања на кандидатот на Вреди, Изет Меџити. Вети паркови, подземни паркинзи и справување со сообраќајниот хаос.

ДУИ најавува кампања со позитивен наратив и очекуваат да се одвива во фер и позитивна атмосфера.Трката за власта во скопски Чаир ќе ја утврди и судбината на Албанците, порача кандидатот на Национална алијанса за интеграција за Чаир, Бујар Османи. Најави програма со дефинирани приоритети, борба со дивоградбите и хигиената во општината.

Изборната кампања ВРЕДИ ја стартува утре со митинг во Скопје, ДУИ и коалицијата пак со секојдневни средби и прес конференции ќе открива различни аспекти од изборната програма.