СДСМ ќе води позитивна кампања и остро ќе ја критикува работата на опонентите
СДСМ ќе води позитивна кампања со своите кандидати за кои претседателот на партијата вели се докажано подобар избор од опонентните.
Филипче е согласен со изјавите на премиерот дека пред граѓаните ќе се најдат две опции - едната што ќе работи за доброто на граѓаните, а другата која го блокира Скопје. СДСМ ќе ги промовира сите позитивни работи и проекти но Филипче вели и силно ќе го критикуваат актуелното работење на градоначалниците од другите партии.
Во програмата на кандидатката за Град Скопје предвидени се долгорочни решенија за хигиената во главниот град.
Герасимовски кој претендира за втор мандат во о. Центар ја стартуваше кампањата со садење дрвја во паркот на Франкофонијата како симболика за развој и долгорочна грижа за општината. Тој ги промовираше новите возила за собирање отпад и чистење на улиците.
Со акција за чистење на отпадоци на јавните површини кандидатката за О. Карпош од СДСМ ја почна изборната кампања. Мојсова Мијовска најави дека фокусот во нејзината програма како лекар е пред се на поздрава и почиста животна средина.
СДСМ вечерва е на средба со граѓани во Могила, а потоа ќе одржи митинзи и во Демир Хисар и Крушево.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар