Скопските пожарникари од почетокот на годинава изгаснале 28 огнови на отворено
Од почетокот на годинава скопските пожарникари изгаснале 28 огнови на отворено што граѓаните ги пријавиле како дел од кампањата „Пријави оган на отворено“.
Од Град Скопје денеска информираа дека на телефонскиот број 193, кој е дел од кампањата, регистрирани се вкупно 41 пријава од кои во 28 случаи интервенирала Бригадата за противпожарна заштита, а преостанатите 13 пријави од граѓаните се препратени кај инспекторите на Град Скопје за да покренат постапка против сторителите.
– Во сезоната со зголемено загадување на воздухот, Градот Скопје ја продолжи кампањата за пријавување огнови на отворено на бесплатната телефонска линија 193. Градот Скопје преку својот инспекторат и Територијалната единица за противпожарна заштита, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи и Црвениот крст организира мешани тимови кои работат секој ден, 24 часа, и се справуваат со огновите на отворено, се наведува во соопштението од Град Скопје.
Кампањата се спроведува трета година по ред и, како што информираат од Град Скопје, има одлични резултати.
Од Град Скопје апелираат граѓаните да ги пријавуваат сите случаи на палење оган на отворено, за да може огнот што побрзо да се изгаси, а сторителите да се санкционираат.
Ново на Сител
-
Поништен изборот за судија во Стразбур, Владата формираше нова комисија
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокат
-
Приведено лице поради обид за подметнување пожар кај брана Водоча, обвинителството бара притвор
-
Владата бара нови кандидати за ЕСЧП
-
Собранието му изгласа недоверба на обвинителот Коцевски
-
Собранието ја констатираше оставката на претседателката на Антикорупциска
-
Чешкиот „Блек Хок“ доаѓа во Скопје, ја прифативме и помошта од Словенците - најкритично на Готен
-
Аpсовска се соочи со напаѓачот Јамалари – тој не чувствува вина за нападот