Се излеа хемиска пена на булеварот во Автокоманда, Ѓорѓиевски соопшти дека го пронашле сторителот
Забавите со пена може се актуелни низ светот, се додека пената е безопасна за оние кои се забавуваат.
Но случајот со масивното истекување на хемиска пена на сред булевар Александар Македонски во Гази Баба, синоќа во доцните часови, не се должеше на забава туку прекршување на еколошките прописи.
На фотографиите може да се забележи како пената истекува и од шахти и на булеварот. Градоначалникот на град Скопје соопшти дека го пронашле виновникот, фирма која стопанисувала во близина. Не откриваат која е бидејќи се уште ги чекаат мострите од пената кои се испитуваат за да се утврди колку е штетна, а потоа ќе биде казнет со највисока глоба, како што не брифираа од град Скопје.
Екипите на градот уште синоќа излегоа на терен, поради како што велат алармантната состојба и направиле увид. Две цистерни на водовод чистеле, а и тоа ќе и биде ставено на фактура на фирмата.
Станува збор за сериозно нарушување на законските прописи и директно загрозување на животната средина.Надлежните институции веднаш постапија.
Земени се проби од шахтата, од површината на булеварот, како и од пеноматот во сопственост на правното лице. детално ќе биде анализиран елаборатот за животна средина кој субјектот е должен да го поседува, за да се утврдат причините и евентуалните неправилности во неговите оперативни процеси, напиша градоначалникот Ѓоргиевски на социјалните мрежи.
Примероците земени за испитување би требало да се готови од 24 до 48 часа.
Денеска булеварот Александар Македонски беше чист, траги од пена немаше.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
