Скопје се придружи кон повикот на ЕУ на безусловен 30-дневен прекин на огнот во Украина
Европската Унија се придружува на Украина и на меѓународните партнери, вклучувајќи ги и САД, во повикот за целосен и безусловен прекин на огнот од најмалку 30 дена, порача високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас во изјавата упатена во име на Унијата и уште пет други држави, меѓу кои и земјава.
- Овој прекин во непријателствата би можел да послужи како клучен чекор кон намалување на страдањето на цивилите и да овозможи простор за значајни разговори за вистински мир со цел да се стави крај на агресивната војна на Русија и да се воспостави сеопфатен, праведен и траен мир се наведува во изјавата.
Како што јави дописикот на МИА од Брисел, Калас додава дека ЕУ останува непоколеблива во својата посветеност кон сеопфатен, праведен и траен мир во Украина, заснован на принципите на Повелбата на ОН и меѓународното право и ги поздравува сите напори за постигнување таков мир.
- Како и во минатото, и сега е на Русија да ја покаже својата подготвеност да постигне мир, додава Калас во изјавата која е поддржана и од земјите што не се членки на ЕУ, а чии претставиници присуствуваа на вчерашниот неформалниот состанок на министрите за надворешни работи во Лавов - Молдавија, Северна Македонија, Норвешка, Украина и Велика Британија.
Ново на Сител
-
Протест на Независниот синдикат на полицијата
-
Муцунски во Шведска
-
Алергиите и стомачен вирус ги полнат амбулантите во Клиниката „Козле“
-
Анализа: Како напредува процесот на дигитализација на УКИМ?
-
Прилеп конечно доби комплетно нова детска градинка, втора по големина во Македонија
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски на „Македонија 2025“: Се соочивме со големи предизвици, но македонската економија има потенцијал
-
Со симулација на сообраќајна несреќа во Прилеп се одбележа 12 мај, Ден на медицинските сестри