Муцунски во Шведска
Потврда за одличните односи меѓу Македонија и Шведска. Шефот на македонската дипломатија на повеќе важни средби тука во Стокхолм. Се сретна со претставници на Рикстагот, но и со две министерки, за надворешни работи Марија Малмер Стенергард и за Европска Унија, Јесика Розенкранц. Главно прашање на средбите - патот на Македонија кон ЕУ. Но Муцунски ги пренесе и проблемите кои ги имаат нашинците тука, како признавањето на возачките дозволи и скапиот роаминг.
Универзитетската болница Каролинска е местото каде се лекуваа четворица пациенти од трагедијата во Кочани. На средба со директорите и медицинскиот персонал, Муцунски се заблагодари за помошта и солидарноста. Персоналот, пак, ги претстави капацитетите на болницата. Средбата во Каролинска е важна за воспоставување контакт меѓу македонските и шведстките здравствени власти.
Шведска останува важен партнер на Македонија. Кралството е еден од најголемите поддржувачи во Брисел за проширување со земјите од Западен Балкан, а дополнително, по влезот во НАТО двете држави освен политички делат и безбедносни вредности и приоритети.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар