Алергиите и стомачен вирус ги полнат амбулантите во Клиниката „Козле“
Викендот по 100 прегледи дневно имале дежурните лекари во Клиниката “Козле”. Не стивнуваат гужвите во оваа здравствена установа. По вирусите карактеристични за зимата, периодов доминираат деца со алергии и стомачен вирус.
- Период е на алергии. Доминираат симптомите на алергиски ринит. Значи течење на носот, кивавица..., но неретко се и оние долнореспираторните симптоми како што се бронхопструкциите. Периодов во амбулантите имаме и деца со стомачен вирус. Но, пред се доминираат алергиите. Поленските алергии се кај дечиња над 2 годишна возраст и тие дечиња ги посетуваат нашите амбуланти. Најчесто ги третираме амбулантски, а кај помалите дечиња доминираат сомачниот вирус, вели д-р Елена Гиновска Тасевска, педијатар во Клиниката за респираторни заболувања кај децата “Козле”.
Педијатрите од “Козле” аперираат до родителите при стомачен вирус кај детето да не го носат веднаш на Клиника.
- Пред се дома да се згрижат со симптоматска терапија, редовно рехидрирање на дечињата, со полесна исхрана, бидејќи стомачниот вирус трае од 48-72 часа, доколку нешто ескалира и родителкот смета дека треба да се посети лекар, да се обратат кај матичниот педијатар и да се направи една тријажа да не се мешаат овие деца во амбулантскиот дел, апелира д-р Гиновска Тасевска.
Поради бројните климатски фактори, последните години токму на пролет во Детската Клиника “Козле” бележат зголемен број на деца со алергиски реакции, пред се на полен.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар