Анализа: Како напредува процесот на дигитализација на УКИМ?
Ќе исчезнат ли големите гужви на кампусите на УКИМ од следната академска година?
Процесот на дигитализација е во тек. Очекувањата на студентскиот врв, кој ги потегна конците за електронски услуги, се дека веќе од октомври, дел од документите што студентите мора да ги потполнат на хартија, ќе може да го направат тоа по електронски пат. Но, дали конечно ќе се стави крај на двојните обврски и гужвите, ќе зависи од тоа дали секоја институција ќе си ја заврши својата обврска во синџирот на дигитализација.
МОН го смени правилникот. Со оваа промена, електронските индекси важат исто како и хартиените.
Месецов е изгласан и проект на УКИМ, со кој ФИНКИ добива задолжение да овозможи студентите на сите факултети од октомври електронски да си извадат потврда за редовен студент и уверение за положени испти, а не да чекаат на шалтери на студентски прашања како досега.
Кога бруцошите се запишуваат на факултет, хартиено потполнуваат и пријавен лист за упис кој е за потребите на Државниот завод за статистика. Оттаму за Сител велат дека се прават напори за да се дигитализира и оваа услуга за студентите.
Во врска со Вашето прашање, сакаме да Ве информираме дека се започнати активности со Министерството за дигитална трансформација за можноста за подготовка на електронски образец Пријавен лист за запишување на студенти на додипломски студии (прв циклус) на факултетите и високите стручни школи – ВОИ.20, велат од Статистика за Сител.
Дополнително, од Министерството за дигитална трансформација велат дека работат на обезбедување на инфраструктура за сите универзитети за поврзување со светскaста ГЕАНТ мрежа, проект што треба да започне до крајот на годината.
За потсетување, на штипскиот универзитет Гоце Делчев студентите имаат електронски индекси повеќе од 10 години.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар