Симфониски концерт за деца - „Каде се подароците?“
Македонската филхармонија денеска напладне ќе го одржи традиционалниот симфониски концерт за деца, овојпат насловен „Каде се подароците?“
Диригент е Борјан Цанев, а како аниматор ќе учествува актерот Мартин Јордановски. Ќе бидат изведени композиции од Морис Равел, Јохан Штраус и Едвард Елгар.
- Најмладите ќе имаат можност да уживаат во приказната за едно џуџе, испратено од Дедо Мраз, кое по пат ги загубило подароците што требало да им ги подели на децата. На крајот подароците ќе бидат пронајдени кај 12 мали змејчиња..., соопшти Македонската филхармонија.
на 28 декември, Филхармонијата ќе го одржи и традиционалниот Новогодишен гала-концерт, под диригентство на Јерухам Шаровски од Израел. Солисти ќе бидат сопранистката Милена Арсовска и баритонот Иван Наумовски.
Ново на Сител
-
Кога се трошеле најмногу државни пари
-
Пожарот во „Пулс“ ја зеде 61-та жртва, почина пациентот кој се лекуваше во Литванија
-
Таткото на Вања негира вмешаност во случајот
-
Тема на денот со Аким Али, претставник на СЗО на Македонија
-
15 години клиничка болница “Аџибадем Систина”
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожарот во Пулс ја зеде 61-та жртва, почина пациент кој се лекуваше во Литванија
-
Таткото тврди дека не е виновен