-->
-->
Шок од Америка: Трамп завојува со Кина, кривични пријави против Huawei, од Пекинг веднаш простигна жесток одговор
-->

Кинеската влада го повика денеска Вашингтон да „ престане со неразумните напади“ врз кинеската технолошка компанија Huawei , против која САД во понеделникот покренала тужба за крадење на технологија и кршење на санкциите кон Иран.
Кинескиот телекомуникациски гигант Huawei ги негираше информациите дека има некакво прекршување бидејќи американските обвинители поднеле неколку кривични пријави против фирмата.
Поради овој случај би можело да дојде до тензии меѓу Кина и САД и да доведе до ескалација.
Во соопштението, Huawei наведено е дека се „разочарани од сознанието за тужбите кои ги покренале против компанијата“.
Во соопшетнието исто така се наведува дека компанијата не направила „ниту едно од утврдените кршења на законот„ и дека „ не е свесна за било каква злоупотреба од страна на финансискиот директор“.
Исто така во соопштението се наведува дека тужбата за крадење на деловни тајни била предмет на граѓанска тужба, што поротата не утврдила „ниту штета, ниту пак намерно и злонамерно однесување“.
Кинеското министерство за надворешни работи ја повика Америка да престане со „неразумното потиснување“ врз кинеската компанија, вклучувајќи и Huawei
Кина „одлучно ќе ја брани„ компанијата, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи, но не прецизира какви мерки Пекинг може да превземе како одгвоор на тужбата против водечкиот кинески глобален технолошки бренд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски - Кос
-
Процентот на реализација на процентот на реформи ќе биде понизок, но европските средства не се загрозени
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
Голем пожар кај прилепско Бешиште, локализиран пожарот кај Визбегово - од утре забрана за движење во шуми
-
Се запали глисер кај каналот Студенчишта
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба Мицкоски – Кос, централна тема Планот за раст од реформската агенда
-
Филипче ја повика власта заедно да лобираат за неутрален став за македонскиот јазик и идентитет