Шест возила оштетени од силниот ветер во Тетовско

Шест возила се оштетени како последица од паѓањето на разни предмети од околните објекти од силниот ветер што изутрината го зафати Тетово и неговата околина.
Тетовските пожарникари интервенирале на седум места каде што добиле пријави од граѓаните за предизвикани штети.
Според раководителот на Територијална противпожарна единица-Тетово, Ука Алити, нема повредени ниту граѓани, ниту од пожарникарите кои интервенирале.
Најголема штета претрпело семјството на Таир Халим откако врз покривот од нивната куќа паднал дел од покривот на соседната зграда. Според Халим, вкупната материјална штета е околу триста илјади денари.
- Цела чатија од соседната зграда налета директно во нашата куќа и падна врз покривот така што имаме голема материјална штета, рече Халим.
Општината формирала Кризен штаб за евидентирање и проценка на штетите и определување на соодветно обештетување.
- Ги упативме сите граѓани во нашата архива да направат барање за да може Комисијата да излезе на увид и преку нашиот Совет да им доделиме еднократна помош, изјави градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи.
Покрај оштетени возила и објекти, силниот ветер предизвика и паѓање на неколку дрва на повеќе места во градот, кои веднаш беа отстранети.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Милан Стефаноски, политички аналитичар
-

Водостоите на реките намалени, состојбата се стабилизира
-

Повторените избори во Врапчиште и Гостивар ќе го претумбаат албанскиот блок
-

Седница на Влада по повод Ден на албанската азбука - јазикот обединува, не разделува
-

Стојков: Признанието од МАНУ е за Македонците во Бугарија
-

Трамп: Крајот на руско-украинската војна е близу
-

Македонија ќе има индиректен бенефит од крајот на војната во Украина
-

Бебиња со респираторни инфекции ја полнат Детската клиника
