-->
-->
Семејно насилство во Струга: Ја претепал сопругата пред соседите и роднините
-->

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.А. (38) од струшкото село Франгово.
На 19-ти минатиот месец, во 14,30 часот, во семејниот дом во селото Франгово, се случила семејна расправија помеѓу сега пријавениот и неговата сопруга.
Во еден момент од жестоката вербална караница, А.А. физички ја нападнал сопругата удирајќи ја по целото тело со нозе и со тупаници.
Со цел да го избегне физичкиот напад, кој се случил во присуство на роднините на пријавениот, оштетената избегала надвор од домот но, во дворот била стигната од сопругот и повторно нападната.
Натамошниот тек од физичкиот напад бил спречен од соседите кои и помогнале на оштетената и ја засолнале во нивниот дом.
Набрзо тука пристигнал нејзиниот татко кој ја пренел во Општата болница во Струга.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Неизвесна судбината на Лукоил во Европа
-

Директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството осомничен за примање поткуп од 50 илјади евра
-

Тема на денот со Јане Војаџиевски, новинар од Вашингтон
-

Тема на денот со Мирјана Пантиќ, универзитетска професорка од Њујорк
-

Директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството осомничен за примање поткуп од 50 илјади евра
-

Ремонт на градски воз
-

Даме Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ избран за нов претседател на советот на Град Скопје
-

Скопје се чисти, а од понеделник нови 55 приватни автобуси ќе возат низ градот
