Седници на шест собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања, за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, за одбрана и безбедност, за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, за транспорт врски и екологија, а две седници ќе одржи законодавно-правната комисија.
На дневниот ред на Комисијата за економски прашања се предлог законите за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, на Законот за државен пазарен инспекторат, на Законот за техничката инспекција и на Законот за контрола на извоз на стоки и технологии, четирите по скратена постапка – второ читање.
Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите ќе ги разгледа годишните извештаи за работењето на Оперативно-техничката агенција за 2019 година и за работата на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите во 2019 година.
Комисијата за одбрана и безбедност има само една точка на дневниот ред – Предлог-законот за Агенцијата за разузнавање, по скратена постапка – второ читање, поднесен од пратениците Хари Локвенец и Џеват Адеми.
По една точка на денешните седници ќе разгледаат и членовите на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни паршања и тоа Упатството за примена на Kодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието на Република Македонија, како и на Комисијата за транспорт врски и екологија – Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за урбано зеленило по скратена постапка, поднесен од пратеничките Лилјана Поповска и Маја Морачанин.
Законодавно-правната комисија ќе одржи две седници од кои на дневниот ред на првата е само Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за урбано зеленило, по скратена постапка, а на втората се предлог законите за изменување и дополнување на Законот за државен пазарен инспекторат, на Законот за техничката инспекција, и на Законот за минерални суровини, трите по скратена постапка, како и на Законот за контрола на извоз на стоки и технологии со двојна употреба, во прво читање.
Ново на Сител
-
Палевски: Ако сум убил – ќе правев алиби
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Претседателката на ДКСК Димитровска веднаш да поднесе оставка
-
Филков чека одговор од СДСМ за реформските закони
-
Костадиновски: Уставниот суд е најнереформирана институција од независноста на Македонија
-
Ако маркетите драстично ги зголемат цените ќе следуваат поригорозни мерки
-
Спречен колапс на македонскиот електросистем за време на велигденските празници
-
Наставниците стравуваат дека ќе останат без работа со новиот закон за основно образование