Костадиновски: Уставниот суд е најнереформирана институција од независноста на Македонија
Уставниот суд е најнереформираната институција од независноста на Македонија, според претседателот на Уставен потребни се итни промени што ќе ги иницира самиот суд, како и закон за Уставен суд. Што би можело да донесе новиот закон? Според претседателот Костадиновски, неопходно е да се прецизира терминот истакнат правник и кој може да стане уставен судија како и носење на 2/3 закон.
Според претседателката на државата, Уставниот суд во своите состави наместо истакнати правници, имал истакнати политички активисти. Силјановска смета дека треба да се преиспита начинот на кој се бираат уставните судии, но поважно е да се дефинираат критериумите по кои се станува уставен судија.
Дали е потребен посебен закон за Уставниот суд, според амбасадорот на ЕУ тоа е во рацете на институциите на Македонија, а тие како Европска Унија го поддржуваат процесот. Исто мислење има и американската амбасадорка, која посочи дека судиите треба да работат исклучиво во интерес на граѓаните.
Во уставниот суд се одржа денеска тркалезна маса со судии и експерти за темата дали е потребен закон за уставниот суд, со цел да се отвори дебата на оваа тема.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар