Македонија
28. April 2025 - 16:34

СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери

СДСМ на прес-конференција открива скандал во МВР. Како што велат, од информциите кои ги добиле од свиркачи, полициски началник барал казната за братот на градоначалникот на Гази Баба, кој бил фатен како вози со брзина над дозволената, да биде пишана на друго име.

Од СДСМ обвинуваат дека со ВМРО-ДПМНЕ  и Панче Тошковски на чело на МВР, место ред и поредок царуваат неказнивоста и селективноста.