Се апсеа нарко дилери во Скопје и Тетово
Синоќа во 23.45 часот полициски службеници од СВР Куманово го привеле К.В.(22) од Куманово, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.
Попладнето во 14.30 часот полициски службеници од СВР Скопје во с.Горно Нерези, скопско, ги лишиле од слобода И.Т.(22) и Д.Р.(22), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед во возилото во кое се наоѓале била пронајдена марихуана.
Вечерта во 21.00 часот полициски службеници од СВР Скопје од подрачјето на Бит Пазар го привеле Ф.В.(18) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.
Околу 17.00 часот на ул.„Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Ј.Г. од скопско Волково и Х.Б.(20) од Тетово, затоа што при преглед кај нив бил пронајдена марихуана.
Ноќеска околу 01.00 часот во тетовското село Синичане, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Ј.А.(24), Ј.А.(18) и Л.Е.(32) од гостиварска Горна Бањица. При нивен и преглед на возило „фолксваген голф“, со гостиварски регистарски ознаки, во кое се наоѓале, била пронајдена марихуана.
По целосно документирање на случаите, против споменатите лица ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, од Демократско движење
-
„Велигденски Кули“ - Најуникатниот обичај во Македонија
-
Почина папата Франциск
-
Папата Франциск - Единствен кој ја посети Македонија
-
На предлог-извештајот на Вајц за земјава поднесени 313 амандмани
-
Синдикатот на културата утре излегува на протест
-
За три дена скопската Брза помош интервенирала кај 45 граѓани кои колабирале на јавни места
-
АХВ уништи небезбедна храна, најчесто се продавала во Охрид и Струга