-->
-->
СДСМ: Со учество во пописот секој граѓанин придонесува за развој и подобра иднина на државата
-->

По речиси 19 години, државата спроведува попис согласно сите меѓународни стандарди и пракси на Евростат и Обединетите Нации.
Започна попишувањето на одделни категории на лица како што е предвидено во методологијата и од вчера се попишуваат лицата кои за време на пописот се наоѓаат во странство, во служба на Армијата, во казнено- поправни и воспитно-поправни установи, лицата кои се на служба во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија и членовите на нивните семејства кои престојуваат со нив, како и бездомните лица.
До 21 април ќе се спроведе и самопопишување на дијаспората коешто се одвива електронски, преку веб страницата на Државниот завод за статистика.
Пописот е најважната и најголемата статистичка операција со којашто ќе се обезбедат податоци коишто ја даваат основата за креирање ефикасни јавни политики со цел создавање услови за економски раст и развој, искоренување на сиромаштијата, зголемување на еднаквоста меѓу граѓаните, рамномерен регионален раст и поголема заштита на животната средина.
Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека Законот бил неевропски и собирањето на потписи за наводно одложување на пописот е само лош партиски маркетинг, на којшто граѓаните не смеат да подлегнат.
Законот за попис и методологијата се во согласност со меѓународните стандарди и тоа е потврдено и од Евростат.
Граѓаните активно да се вклучат во пописот со што ќе дадат свој личен придонес за подобра иднина на државата и на целиот народ.
СДСМ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трагедија во Тузла
-

Филипче: Остануваме слепо црево на Балканот - Владата нема капацитет да ја води државата
-

Експерти: Критиките на ЕУ за судството и корупција се очекувани, како до позитивни оценки?
-

Македонија се оддалечува од стандардот на ЕУ, нема напредок во клучните економски реформи
-

Влошени прогнозите за инфлација, подобрени за раст на економијата
-

2026 - Година на раздолжување и задолжување
-

ВРЕДИ очекува министер плус по заминувањето на Меџити - Од Влада велат преговори нема
-

Повик за изработка на бесплатни веб-сајтови за локалните самоуправи и јавните институции
