Наместо љубовна средба со две жени во поубав и поевтин хотел, скопјанец натепан и ограбен

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага против четири лица – двајца мажи и две жени – поради основано сомнение за сторено кривично дело Разбојништво по член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Според Обвинителството, на 30 октомври четворицата делувале како група и со употреба на физичка сила одзеле 200 илјади денари од едно лице. Настанот се случил во двор на мотел во Скопје.
Оштетениот најпрво со една од осомничените жени престојувал во мотелска соба, по што таа му предложила да повика уште една девојка. По неговата согласност, ја повикала втората осомничена, а двете жени заедно го убедиле да заминат во „поубав и поевтин хотел“.
При излегување од собата, во темниот двор на мотелот, оштетениот бил пресретнат од двајца мажи кои биле во претходен договор со жените. Го нападнале, удирајќи го со боксови по главата и телото, сè додека не паднал на земја. Потоа му ги одзеле парите, мобилниот телефон и личната карта.
Јавниот обвинител поднел предлог до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје за определување мерка притвор за сите четворица осомничени, поради опасност од бегство и можност за повторување на делото.
За една од осомничените жени, која е во бегство, мерката притвор ќе се применува по нејзиното пронаоѓање и лишување од слобода.
МИА
Ново на Сител
-

Песков: Пауза во преговорите со Украина
-

Од Зелениково до Скопје со воз за 25 минути, ремонт и на делницата Драчево-Илинден за раст на товарниот сообраќај
-

Кокаин, 488 стебла канабис и цел арсенал оружје пронајден кај 48-годишник од Подмоље
-

Извадил пиштол, го репетирал и им се заканувал на вработените во угостителски објект во Скопје
-

Приведени две лица во Кавадарци, под дејство на алкохол агресивно се однесувале кон полициски службеници
-

Мицкоски: За рекордно време успеавме да ги мобилизираме сите капацитети и започнеме со чистење на Град Скопје
-

За долг од 80.000 денари лихвари во Кавадарци наплатиле 700.000 денари
-

До понеделник променливо облачно со дожд, од вторник стабилизирање на времето
