Повик за изработка на бесплатни веб-сајтови за локалните самоуправи и јавните институции
Нови веб-сајтови за општините и јавните институции, нуди да изработи Министерството за дигитална трансформација. Во моментов, нема општина без веб-страница. Но проблемот е што голем дел од општините, со помал број на жители воопшто не ги ажурираат податоците, не ги објавуваат новите информации и услуги достапни за граѓаните. Токму поради ваквата ситуација Андоновски распиша повик.
Но пари има за изработка на 40 до 50 сајтови. Пријавувањето е отворено до Нова година, а пријавите ќе се обрабоуваат по принципот прв дојден, прв услужен.
Кога на една општина или јавна институција ќе им биде одобрена пријавата, ќе добијат модерен и функционален дизајн на веб страница. Следува и обука за одржување и ажурирање на содржината за општинските административци, бидејќи ресорното министерство сајтовите ќе ги одржува системски една година – потоа се е во рацете на општинските служби.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
