Македонија
5. November 2025 - 16:30

ВРЕДИ очекува министер плус по заминувањето на Меџити - Од Влада велат преговори нема

Албанскиот владин партнер ВРЕДИ очекува да добие министер плус, во ресорот животна средина, по заминувањето на Изет Меџити брифираат извори за Сител од коалицијата. Од ВРЕДИ веќе потврдија дека на вицепремиерската позиција на местото на Меџити доаѓа поранешниот министер за здравство Беким Сали.

Имиња засега не се откриваат, ниту дали постојат разговори со премиерот Мицкоски околку евентуалните други кадровски решенија. Од ВМРО ДПМНЕ велат таквите инфомации не се точни, договор за позицијата во животна средина нема.
Од влада кратко одговорија дека освен оставката на Меџити, нема никакви промени ниту преговори. 

Дека не постојат разговори за нови кадровски решенија во коалицијата потврди и лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски. За Сител вели дека легитимно право на премиерот е да претстави негов предлог за реконструкција на влада.

Иако во јавноста постојат информации дека Филков за правда и Минчев за јавна администрација ќе бидат сменети од позициите , Димитриевски вели дека такви внатрепартиски разговори за смена на двајцата министри нема.

Според премиерот реконструкцијата треба да се случи по завршување на изборите, но се уште нема никакви конкретни најави. Додека се „крчка“ прекројување на владиниот кабинет, и опозицијата најавува кадровски промени во највисокото партиско раководството.

На оставки во опозицијата повикуваат и владејачката ВМРО ДПМНЕ, според нив без заминување на Филипче, нема да се случат реформи во СДСМ.

По изборните резултати, ниту во албанската опоизициска ДУИ не се размислува за лидерски промени. Засега само кадровските смени има во Парламентот. Координаторот на ДУИ Блерим Беџети веќе ги известил собраниските служби дека повеќе не е на чело на пратеничката група.