Македонија
5. November 2025 - 16:31

Филипче: Остануваме слепо црево на Балканот - Владата нема капацитет да ја води државата

Најлош извештај во последните 10 години кој ја втурна Македонија во група на држави како Косово, БиХ и Молдавија е оценката на лидерот на СДСМ за наодите од ЕУ.  Филипче вели овој извештај го вклучи алармот за иднината и перспективата на државата. Пораката која ја испраќа ЕУ според него е јасна а тоа е дека државата е во целосен застој. Опозицискиот лидер вели извештајот е токму она на кое тие предупредувале изминатите месеци а тоа е дека владата нема капацитет и не работела воопшто на спроведување на  реформската агенда.  

Според Филипче јасно е што е стои на маса а тие како опозиција и ја понудиле поддршката на Владата во процесот. За резолуцијата која ја понуди како предлог рамка за решение за откочување на процесот со  уставните измени вели ќе почека да ги слушне сите политички чинители пред да ја достави во парламентот. 

По однос на изборниот законик, Филипче смета дека треба да се вклучат сите политички групи и да се донесе со консензус а ставот на СДСМ е дека во таа дискусија ќе влезат со предлог за отворени листи како најсуштинска промена.