Санду: „Вагнер“ подготвува државен удар во Молдавија
Руската платеничка група „Вагнер“ подготвувала државен удар во Молдавија, изјави шефицата на молдавската држава Маја Санду во интервју за „Фајненшл тајмс“.
Според неа, планот вклучувал поткуп на гласачи и предизвикување насилство за време на антивладини протести.
- Ситуацијата е навистина драматична и мораме да се браниме, наведе Санду, без да прецизира кога бил планиран обидот за државен удар.
Санду посочи дека парите биле тајно испратени од Русија до Молдавија делумно преку курири, а делумно преку банкарски сметки во Дубаи.
На почетокот на годината имаше предупредувања за државен удар во Молдавија. Во март, владата во Кишињев соопшти дека уапсила платеник на „Вагнер“.
Платеничката група „Вагнер“ долго време се бореше заедно со руската армија во Украина. Поранешниот сопственик на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, подоцна го критикуваше руското воено раководство и во јуни организираше обид за бунт против руските власти, но истиот ден се откажа од своите планови. Два месеци подоцна, авионот на Пригожин се урна за време на летот Москва – Санкт Петербург под неразјаснети околности.
Ново на Сител
-
Мицкоски и Филипче на чекор до лидерска средба
-
Мицкоски: Милошоски и Филков имале само лош ден што треба да заврши
-
Негативно мислење за разрешувањето на обвинителот Коцевски
-
Дали повисоки казни ќе спречат трагедии како Кочани?
-
Клиниката за физикална медицина се подготвува да ги прими првите пациенти од пожарот во Кочани за рехабилитација
-
На чекор сме до генерален штрајк во цела држава, предупреди ССМ на протестот за повисоки плати
-
Откако Палевски беше отстранет од судница, Кешишев раскажа како биле грабнати и убиени Вања и Панче
-
Нормализиран водостојот на Маркова Река, штети во Батинци, Горно и Долно Лисиче